Troy

Troy

Macedonian வசனம் பதிவிறக்கம்

வெளியீட்டு விவரம்

Troy cd2
கருத்துரை வழங்கியவர் Cleon

குறிச்சொற்கள்

other
வெளியிடப்பட்ட தேதி: 2008-11-02
பதிவிறக்கங்கள்: 159
காது கேளாதோருக்கானது: No

Macedonian வசனங்களின் மாதிரிக்காட்சி

முதல் 200 வரிகள்.

Добар ден за толпата. -Тргни ја твојата армија од мојата земја.

Ми се допаѓа твојата земја. Мислам дека ќе останеме. Ми се

допаѓаат и твоите војници. -Тие нема да се борат за тебе. -Така рече

и принцот Единг. И аркадинците и опенинците. Сега сите се борат

за мене. -Не можеш да го имаш целиот свет Агамемнон. Премногу

е голем дури и за тебе. -Не сакам да гледам уште еден масакр.

Да ја решиме оваа војна на стариот начин. Твоите најдобри борци

против моите.-И ако моите луѓе победат? -Ќе си одиме

од овде засекогаш.

Изгледа те напуштил. -Внимавај кого навредуваш стар кралу.

Ахил не е во армијата. -Каде е!? -Го пратив момчето да го побара.

Имав добар сон... Многу добар сон. -Кралот Агамемнон ме прати.

Треба да... -Ќе зборувам со твојот крал изутрина. -Но, утро е.

Те чекаат тебе.

Дали приказните за тебе се вистинити?

Велат дека мајка ти е бесмртна божица. Велат дека не можеш да

бидеш убиен. -Тогаш не би се мачел со штитовиве, нели?

Се бориш со Тесалонците. Тој е најголемиот човек што сум го видел.

Јас не би сакал да се борам со него. -Затоа никој нема да го

запамти твоето име.

Можеби би требало да се бориш утре кога ќе бидеш подобро

одморен. -Ќе чекам на твој знак. -Можеби би требало ти да се

бориш. -Ахил...

Погледни ги лицата на мажите. Можеш да спасиш стотина од нив.

Можеш да ја завршиш војнава со твојот меч. Пушти ги да си одат

кај жените.

Замисли крал кој сам си ги војува битките. Зарем не би било тоа

глетка? -Од сите воини миленици на боговите него

го мразам највеќе.

Има ли уште некој?

Има ли уште некој!?

Кој си ти војнику? -Ахил.Син на пелоиз.-Ахил.Ќе го запамтам

името. Владетелот на Тесалонија го носи ова. Дај му го на твојот

крал. -Тој не е мој крал.

Принцови на Троја... На нашата последна ноќ заедно, јас и Елена

ве поздравуваме. Сме имале конфликти претходно, вистина е.

Сме војувале многу битки заедно. И тоа добро! Секогаш го

почитував твојот татко. Пријам е добар крал, добар човек.

Го почитував и го почитувам сега како мој сојузник.

Парис, млад принцу, дојди и пиј со мене.

За мир. -За мир помеѓу Троја и Спарта.

Боговите нека ги држат војните на ридовите, а жените

во нашите кревети.

За боговите. -За боговите...

Не би требало да бидеш овде. -Така рече и вчера.

Вчера беше грешка.

А ноќта пред таа? -Направив многу грешки оваа недела.

Дали сакаш да си одам?

Делови од морето Пропонтес.

Прекрасно е.Но не можат да го носам.Ќе не убие и двајца.

Немој да се плашиш од него. -Не се плашам да умрам.

Се плашам од утре. Се плашам дека никогаш нема да се вратиш.

Пред да дојдеш во Спарта бев дух. Се разбудив денеска.

Не мораш да се плашиш од утре. Дојди со мене.

Не си играј со мене.

Ако дојдеш никогаш нема да бидеме безбедни.Ќе не гонат,

боговите ќе не проколнат. Но јас ќе те сакам. До денот кога ќе го

изгорат моето тело. Ќе те сакам...

Прекрасно утро. Сонцето го благословува нашето патување.

Понекогаш боговите те благословуваат наутро, а те

проколнуваат попладне.

Дали ме сакаш брате? Дали би ме штител од непријателот?

Последен пат кога ми зборуваше вака имаше 10г. и го украде

коњот на тато. Што си направил сега? -Морам да ти покажам нешто.

Каде е таа? Се колнам во боговите дека ќе те заколам овде ако не

ми кажеш. -Кралу...таа замина. Рибаров овде ја видел на бродот.

Младиот принц Парис... Подгответе ми го бродот.

Вртете го бродот назад кон Спарта. -Чекај, послушај ме... -Будало!

Знаеш ли што направи? Знаеш ли колку години нашиот татко

работеше за мир? -Ја сакам. -Све е игра за тебе, нели? Одиш од

град во град, спиеш со разни жени и мислиш дека знаеш нешто за

за љубов? Што е со љубовта кон татко ти? Ја расипа неа кога ја

донесе неа на бродов. Што е со љубовта кон твојата земја?

Ќе ја изгориш Троја за оваа жена!?

Нема да ти дозволам да започнеш војна за неа. -Може ли да

зборувам? Тоа што го велиш е вистина. Те изневерив. Ги изневерив

сите. Ако сакаш да ја однесеш Елена назад во Спарта, така нека

биде. Но јас одам со неа. -Ќе те убијат во Спарта. -Тогаш ќе загинам

борејќи се. -Тоа ти звучи херојски, нели? Да умреш борејќи се?

Кажи ми брате, дали некогаш си убил човек? -Не. -Дали си видел

како некој умира во борба? -Не. -Јас сум убил и сум ги слушал како

умираат и тука нема ништо славно или поетско. Велиш дека сакаш

да умреш за љубов, но не знаеш ништо за умирањето и не знаеш

ништо за љубовта. -Како и да е. Јас одам со неа. Не барам да се

бориш во мојата војна. -Веќе побара.

Кон Троја!

МИКЕНА, ГРЦИЈА

Ја сакам назад. -Секако... Таа е убава жена. Сакам да се врати за

да ја убијам со моите раце. Сакам Троја да биде изгорена до земја.

Мислев дека сакаш мир со Троја. -Требаше да те послушам.

Мирот е за жените и слабите. Имеријата се добива со војна.

Целиот живот сум покрај тебе. Се борев со твоите непријатели.

Ти си ја земал славата. Дали некогаш сум се пожалил, брате?

Дали некогаш сум побарал нешто? -Никогаш. Ти си човек на честа.

Дали би одел во војна со мене, брате?

Секогаш мислев дека жената на мојот брат е будалеста жена. Што

се докажа дека е многу корисно.

Тројанците никогаш не биле освоени. Некои велат дека не можат

да бидат. -Стариот крал Пријам мисли дека е недопирлив позади

високите ѕидови. Мисли дека богот на сонцето ќе го штити.

Но боговите ги штитат само силните.

Ако Троја падне, јас ја контолирам Иџија. -Хектор раководи со

најдобрата војска на исток. -Ќе ги нападнам со најголемата војска

што светот ја видел. Со сите кралеви на Грција и нивните армии.

Уште една последна работа. Ни треба Ахил.

Тој не може да се контролира. Може да се бори и против нас.

Не ни треба да го контролираме, треба да го врземе.

Човекот е роден за да одзема животи. -Да, надарен убиец е, но се

заканува на све што имам изградено. Пред мене Грција не беше

ништо. Јас ги соединив сите кралеви. Јас ја изградив иднината,

Нестор, јас!

Ахил е само минато. Човек кој се бори за ништо. Човек нелојален

на ниедна земја. -Колку војни сме добиле од неговиот меч?

Ова ќе биде најголемата војна што светот ја видел. Ни треба

најголемиот воин.

Има само еден човек кого го слуша.

Внимавај...

Нервозен?

Преплашен.

Ме научи да не ја менувам раката со мечот.

Да, ако знаеш како да ја користиш.

Твојата репутација за гостопримливост постанува легенда.

Роднино... -Одисеј, крал на Итака. -Ми недостасуваат твоите

родители. Сега го имаш него. Учиш од Ахил лично.

Кралевите би убиле за честа. -Дали си овде по наредба на

Агамемнон? -Треба да зборуваме.

Нема да се борам за него. -Не го барам тоа.

Барам да се ориш за Грците. -Зошто? Им здосади да се борат

меѓусебно? -Засега. -Тојанците никогаш не ме гонеле. -Тие ја

навредија Грција. -Навредија еден Грк. Човек кој не можеше да си

ја задржи жената. Тоа не е моја работа. -Твоја работа е војната,

пријателе. -Дали? Човекот нема чест. -Ако Ахил се бори за чест,

Агамемнон се бори за моќ. Боговите нека одлучат кој човек да го

прослават. -За Грците! -Заборави го Агамемнон. Бори се за мене.

На жена ми ќе и биде многу полесно ако знае дека си покрај мене.

А и мене.

Ќе биде најголемата флота што некогаш испловила. 1000 бродови.

Најдобриот од сите тројанци. Некои велат дека е подобар и од сите

Грци. Дури и ако твојот роднина не дојде, се надевам дека ќе ни

се придружиш. Би ни користела силна рака како твојата. -Играј си

со твоите трикови со неме, но немој со мојот роднина. -Ти го имаш

твојт меч, јас моите трикови. Си играме со играчките што ни ги

дале боговите. Пловиме кон Троја за 3 дена.

Оваа војна никогаш нема да биде заборавена. Ниту хероите кои

се бореле во неа.

Знаев дека ќе дојдат по тебе. Но само пред да се родиш.

Сакаат да се бориш против Троја.

Ти правам уште едно ланче од школки. Се сеќаваш на она што ти

го направив кога беше дете?

Мајко...

Вечеррва морам да решам.-Ако останеш, ќе најдеш мир.Ќе најдеш

прекрасна жена. Ќе имаш синови и ќерки и тие ќе имаат деца.

Ќе те сакаат. Кога ќе те нема ќе те паметат.

Кога твоите деца ќе бидат мртви, ќе има деца после нив.

Тие ќе бидат изгубени. Ако отидеш во Троја, славата ќе биде твоја.

Ќе пишуваат приказни за твоите победи, илјадници години.

Светот ќе го памети твоето име.

Ако отидеш во Троја, никогаш нема да се вратиш дома.

Но твојата слава ќе се пренесува од рака на рака.

А јас нема да те видам повторно.

Сине. -Татко.

Татко, ова е Елена.

Елена од Спарта? -Елена од Троја.

Слушнав гласини за твојата убавина.

И за прв пат се вистинити. Добредојде. Дојди.

Види.

Сакана роднино. Твојата убавина расте заедно со тебе.

Ова е последната работа што ни требаше. -Тоа е волја на боговите.

Све е во нивни раце. Но изненаден сум што му дозволи да ја

донесе. -Сега ќе го гореше телото на син ти наместо да пречекуваш

ќерка. -Конечно имаме мир. Што би сакал да направам? -Качи ја

на брод и врати ја дома. -Жените отсекогаш го сакале Парис и тој

ги сакал нив, но таа е поинаква. Нешто е изменето во него.

Ако ја пратиме дома тој ќе ја следи. -Ова е моја земја и мои жители.

Не сакам да ги гледам да страдаат за брат ми да ја задржи

наградата. И не доаѓаат само Спартанците по неа. Сигурно отишол

кај Агамемнон, а тој сака да не уништи со години. -Непријателите

не напаѓаат со векови, а ѕидовиве сеуште стојат. -Татко, не можеме

да победиме во оваа војна. -Аполон не чува. Дури ни Агамемнон

не може да се спореди со бог. -А со колку батаљони заповеда тој

бог? -Не ги лути боговите.

Доаѓаат по мене.

Што ако заминеме?Вечерва.Сега одма.Ќе јаваме кон исток и ќе

продолжиме да јаваме. -И каде ќе одиме? -Подалеку од овде.

Можам да ловам елени и зајци, можам да не прехранам.

Но ова е твојот дом. -Ти го напушти твојот за мене.

Спарта никогаш не ми била дом. Моите родители ме пратија таму

кога имаш 16 за да се омажам. Никогаш не ми била дом. -Ќе си

одиме од земјата. Нема веќе палати и слуги за нас. Не ни треба

ништо од тоа.-А твоето семејство? -Ќе го штитиме моето семејство.

Ако не сме овде нема да има причина за војна. -Тој нема да се

откаже. Ќе не следи до крајот на светот. -Тој не ја знае оваа

земја, јас да. Можеме да се изгубиме за ден. -Ти не го познаваш

Менелас.НЕ го знаеш брат му. Ќе ја изгорат секој куќа во Троја

за да не најдат. Нема да поверуваат дека си заминал. А дури и

да поверуваат сепак ќе изгорат све. -Тогаш ќе им олеснам да ме

најдат. Ќе отидам кај нив и ќе им кажам дека си моја.

Господару, би требало да ги чекаме останатите. -Не донесоа овде

за војна, нели? -Да, но наредбите на Агамемнон... -Се бориш за

мене или за Агамемнон? -За тебе, господару. -Тогаш бори се.

கருத்துகள்

No comments yet. Be the first to leave one.

Keep it about this subtitle — sync, quality, typos.500 characters left