Man on Fire

Man on Fire

Download Macedonian Subtitle

Release info

Man On Fire 2004 1080p BluRay x264-Japhson
A Commentary by GigaWatt
Man.On.Fire.2004.1080p.BluRay.x264-Japhson

Tags

BluRay
x264
1080
Published on: 2016-05-08
Downloads: 84
Hearing Impaired: No

Macedonian subtitle preview

The first 200 lines.

Во Латинска Америка се случува по едно киднапирање на секои 60 минути.

70% од жртвите не преживуваат.

О Г Н Е Н Ч О В Е К

Семејството е се. - Зарем не?

Значи... си го сакате ли синот?

Да.

Разбирате ли сега?

Знам дека имате полиса за осигурување вредна 10 милиони долари.

Следете ги инструкциите... или Бог нека му помогне на вашето дете...

Соблечете кошулата... и држете ја низ прозорецот на колата за идентификација.

Не играјте си.

Дојдете сам.

ЕЛ ПАСО, ТЕКСАС. - границата на САД со Мексико

Џорџина, послушај ме и ќе те сакам.

Така ли оди тоа? - Понекогаш.

Има ли сестра?

Како оди работата?

Јапонци... во голем стил.

Евтина работна сила во илјадници фабрики.

Се чувствуваат многу посигурно живеејќи преку границата, во Ел Пасо.

Ги префрлувам таму и назад како да сум Џон Вејн.

Овде живеам како крал. - Уште како.

Работиш нешто? - Да... не.

Се преселувам од место во место, гратчиња на кои не им ги знам имињата.

Не ми се допаѓа никаде.

Мислиш ли дека Бог ќе ни прости заради сето ова - Не. - Мислиш?

Колку остануваш? - Не знам, само...

...дојдов да те видам, Реј, да видам како ти оди.

Почувствував потреба да дојдам.

Што се случило?

Семејството ја плати откупнината.

Потоа го испратив малиот дома по неколку дена, без уво, секако.

Имам мајка во Мексико, со поголеми долгови од неа, плус телохранители...

За жената да не кажувам.

Не сакам да ти солам памет, но во право е.

Слушај Семи, сите мои клиенти имаат осигурување за киднапирање.

Имам полиса. АИГ. Ја купи татко ми.

Знам, јас ја набавив за татко ти.

Но, што ќе правиш по 60 дена ако не ја обновиш?

А, не можеш, бидејќи немаш телохранител. - Знам, ќе морам да го отпуштам Емилио.

Мораш да ја задоволиш и Лиза, такви момци тешко се наоѓаат.

Телохранителите се како и се друго, колку пари - толку музика.

Слушај што да сториш. Земи некој со пристојна биографија.

Најпосле, не го бараш Супермен, туку некој евтин, додека ја обновиш полисата.

А, потоа, отпушти го серкото заради неспособност.

Шегата на страна, најважно е што ќерката ти се врати в училиште.

И што жена ти го чува образот.

На тој начин, твоето семејство нема да биде единственото без заштита во крајот.

Тој лик, телохранителот, Шпанецот, е доволно добар.

Луд си. - Не си го ни видел. - И понатаму го мислам истото.

За некој богаташ е, чисто да се осигури.

Ништо нема да се случи. - Зарем? Мислиш ќе изнајмат пијаница?

Мораш да ги имаш работите под контрола.

А, што ако дојде до обид за киднапирање?

Стори што можеш, не те плаќаат да правиш чуда.

Не е во прашање одморот, само имај обѕири, и тоа е тоа.

Телохранителот мора да биде близок со луѓето, постојано да разговара.

А, во тоа не сум најдобар.

Биди молчалив тип, ќе го ценат тоа.

Телохранителот... кој е ликот? - Момчето е Семјуел Рамос.

Има фабрика во Хуарез, поврзан е со јапонската автомобилска индустрија.

Мислам дека западнал во неволја, семејството му е во Мексико Сити.

Ме праша дали знам некого кому може да му се верува.

И ти се сети на мене? - Да.

Прифати ја работата, Крис.

Запознај го човекот, па потоа одлучи што ќе сториш.

Впрочем, му треба некој, па се сетив на тебе.

Слушај, жена ми сака некој репрезентативен и пристоен.

Ќе бидеш петтиот кандидат кој го испрашува оваа недела.

Биографијата ти е репрезентативна, 16 години активна воена служба.

Активна антитерористичка обука, чудно е некој да ги користи твоите услуги.

Во што е работата? - Пијам.

Како тоа влијае на тебе?

Координација, рефлекси... Ако се обидат професионалци да ја грабнат ќерка ти...

Ќе сторам се што можам, но може да има проблеми.

А, ако се обидат аматери?

Веројатно ќе ги убијам.

Никој не смее да знае дека пиеш. Дури ни жена ми.

Мојата жена, Лиза, ова е Џон Крис.

Американец си. - И ти, исто така.

Сакаш ли да се напиеш нешто? - Да, виски со сода, благодарам.

Си ја работел ли работава? - Не, госпоѓо.

Но, има доста искуство во сродните работи.

Имате ли семејство, г-не Крис? - Не.

Да, мамо? - Душо, ова е г-н Крис.

Зборува англиски, душо.

Ќе му ја покажеш собата на г-н Крис? - Наваму, г-не Крис.

Само така?

Мислам дека е убаво што е Американец.

Мислам дека е сјајно.

Тоа е Бруно, градинарот.

А, ова е Марија, готвачката.

Имате ТВ и ЦД плеер, каква музика сакате, г-не Крис?

Не знам.

Не знаеш? - Не знам.

Тоа е птицата, Емилио заборави да ја земе кога замина.

Тој ми беше последниот телохранител.

Сте штителе ли многу деца досега, г-не Крис?

Крис, викај ме само Крис, и... не, ти си првата.

Се гледаме, Крис.

Чао, птицо.

Време е за спиење. - Можеме ли да набавиме куче?

Тато ми вети, кога ќе се вратам в училиште. - Ќе видиме.

Ако купиме куче, ќе се одвоиш ли од мечето?

Ги израсна куклите.

Како ти се допаѓа г-н Крис? - Крис, рече да го викам само Крис.

И тој е како мечето.

Да? - Големо, тажно мече.

Тажен ли е? - Мислам дека е.

Добра ноќ.

Може ли да добијам малку пари, наутро? - Малку пари?

Да, за купување. - Во ред.

Добра ноќ, мече.

Мечето Крис.

Од каде сега тоа?

Работа.

Ако пропадне едната, можеби другата работа може да заживее.

И се допаѓа. - За кого зборуваш?

Крис.

И се допаѓа.

На Пити и се допаѓа училиштето, би и се допаднал и Дракула ако го доведе.

Добро ли ти е? - Не знам.

Не знам, Лиза, се трудам.

Дојди птицо, така е.

Дојди ваму, така е.

Сега си слободна.

Од каде си, Крис? - САД.

Го знам тоа, од која држава? - Од ниедна посебно.

Можеш ли да возиш и да разговараш во истовреме... - Не, не можам, Пити...

Затоа, те молам, пушти ме да ја работам мојата работа.

Ќе останеш?

Последниот телохранител си замина, некој друг му платил повеќе од нас.

Препроставувам дека сум во позиција да се ценкам.

Да се биде црнец во Мексико, дали тоа е предност или мана за телохранителот?

Ќе покаже времето.

Во Мексико Сити имаше 24 грабнувања во изминатите 6 дена.

Дневно по 4 - Зарем? 24?

Што мислиш за тоа, Крис? - Мислам дека знаеш повеќе отколку што треба.

Добро мислиш.

Се гледаме подоцна. - Мора да се потпишеш.

Што? - Мора да се потпишеш и да ги покажеш документите.

Таму.

Пити, убаво што се врати.

Сестро Ана, ова е мојот нов телохранител, Крис.

Сестра Ана, началничка.

Побрзај, ќе започне наставата.

Чао, Крис.

Мора подобро да се грижите за Пити, не е добро да доцни како денеска.

Простете... мора да се навикнам на патот, нема да се повтори.

Без навреда, жал ми е што воопшто постојат луѓе како вас.

И јас, мајко.

Дали некогаш сте виделе Божја намера во тоа што го работите?

Не, веќе подолго време.

Библијата вели, не натпреварувај се со злото, туку победи го со добро.

Учење според Роман, глава 12, пасус 21.

Го сакаше ли училиштето, кога беше дете, Крис?

Не се сеќавам. - Не се сеќаваш? - Да, не се сеќавам.

Не ми се допаѓаше. - Зошто не?

Затоа што не беше како твоето, ја немаше сестра Ана.

Беше ли несреќен?

Да се биде несреќен е состојба на умот, навистина не се сеќавам.

Што си се случи со дланката?

Вродена маана. - Не, не е. - Слушај, нема веќе прашање, во ред?

Не те испрашував... - Така ми изгледаше.

Слушај, имам работа...

Не, благодарам, не треба.

Слушни ме, платен сум за да те заштитам.

Платен сум да ти бидам телохранител.

Не сум платен да ти бидам пријател, платен сум да те заштитам.

Затоа, нема веќе прашања, сфаќаш? - Ме разбра ли? - Да.

И, без солзи. - Не плачам.

Немој ни да почнуваш, сфаќам дека ова е работа.

Чекај.

Слободно.

Господине Крис.

Само сакав да се уверам дека имате се што ви е потребно.

Се е во ред, благодарам.

Дали храната е во ред? Марија ми кажа дека не сте јаделе.

Храната е одлична, само не бев гладен.

Ја читате Библијата? - Да, понекогаш.

Ви помага ли? - Да, понекогаш.

Може ли да разговарам со вас накратко? - Секако.

Како се сложувате со Пити.

Добро, штом ќе сфати дека не сум нова играчка, се ќе биде в ред.

Ми раскажуваше за тоа.

Немате деца, нели? - Можат да бидат напорни кога сакаат нешто.

А Пити сака само да се спријатели...

Во ред, ме плаќате да ја заштитам, а не да и бидам пријател, нели?

Можеби ова и не е најдобра идеја, можеби маж ви треба да најде некој подруштвен.

Во право сте.

Платени сте да ја заштитите.

И сигурна сум дека ќе го сторите тоа.

Ќе тргнам со вас наутро, се надевам тоа е во ред.

...нека Бог ни го прости тоа што го сторивме...

...знам дека јас не можам...

Крис, што не е во ред?

Слушај, ти се случило ли да имаш 9 милиметарски куршум... што не испукал?

Мислиш, не испукал?

Да, знаеш... го повлеков орозот... и ништо.

Зборуваш за лоша каписла? - Да, да.

More Macedonian subtitles for Man on Fire

Comments

No comments yet. Be the first to leave one.

Keep it about this subtitle — sync, quality, typos.500 characters left