Revolution OS (Linux Story)

Revolution OS (Linux Story) (Revolution OS)

Download Macedonian Subtitle

Release info

Revolution OS DVDRip x264 HE-AAC-NWO
A Commentary by GigaWatt
Revolution.OS.DVDRip.x264.HE-AAC-NWO

Tags

DVD
DVDRip
dvdrip
dvdr
x264
Published on: 2014-11-22
Downloads: 20
Hearing Impaired: No

Macedonian subtitle preview

The first 200 lines.

Бев на Agenda 2000

и еден од луѓето кои беа таму беше Крег Мунди,

кој е некој тип од раководството во Микрософт,

потпретседател на одделот за производи за широка потрошувачка или нешто слично.

Дотогаш го немав воопшто сретнато...

Налетав на него во лифт...

и го погледнав неговиот беџ и реков, „Ох, гледам дека работите во Микрософт.“

Тој се сврте, ме погледна и рече, "Да, а што правите вие?"

Си помислив „колку е надмен“.

Еве еден класичен, знаете, тип во костум

кој гледа кон еден неуреден хакер.

И така, го погледнав со еден долг поглед и му реков:

„Јас сум твојот н а ј л о ш кошмар.“

Wonderview Productions претставува

филм на J.T.S. Moore

Револуционерниот оперативен систем

Во текот на својата кратка, но живописна историја,

со компјутерската индустрија доминираше

оперативниот систем Windows.

Но, многу скоро тоа може да се промени,

бидејќи Windows се соочува со силен предизвик од Linux.

Силиконската Долина долго време беше место

каде се развиваше новата технологија,

се создаваа нови компании и се стануваше многу богат.

Сега Долината е линија на фронтот на револуцијата

која се бори за таа политички најнекоректна идеја:

индивидуална слобода.

Дење ноќе, неповрзана заедница на

хакери и програмери од целиот свет пишуваат компјутерски кодови,

создавајќи ги алатките што ќе ги ослободат

корисниците на компјутерите. Тие ги користат

отворените информации и слободната размена на технологии

за да ја постигнат својата цел.

Оваа револуција започна во 1980-те со

Движењето за слободен софтвер и проектот GNU,

а сега најчесто се поврзува

со Линукс и Движењето за отворен код.

Што е Линукс?

Имаме еден сектор што стартува денес.

Тоа е секторот што се однесува на Линукс.

Мислам дека ова ќе биде добра можност да се каже,

„Што е Линукс?“

А јас ќе ви одговорам на ова прашање.

Многу од вас веројатно веќе знаат, постојат над 12 милиони корисници,

Тоа е компјутерски оперативен систем развиен од стотици програмери

кои соработуваат преку Интернет.

Предизвик за Microsoft Windows NT.

Многу популарен заради својата брзина.

Заради тоа е целото лудило.

За да објасните што е Линукс треба да објасните

што е оперативен систем.

И... суштината на оперативниот систем е во тоа што вие, мислам...

вие никогаш воопшто не би требало да го видите.

Бидејќи...

никој всушност не користи оперативен систем,

луѓето користат... програми... на нивните компјутери.

И единствената мисија во животот

на еден оперативен систем е да им помага на тие програми да работат.

Така што оперативниот систем, самиот по себе, никогаш не прави ништо.

Тој само чека програмите да му побараат

одредени ресурси

или да побараат одредена датотека на дискот

или да побараат да ги поврзе со надворешниот свет.

Тогаш настапува оперативниот систем

кој се обидува да им олесни на луѓето да пишуваат програми.

А што е „Отворен код“ (Open Source)?

Отворен код е начин на кој луѓето соработуваат при развивање софтвер,

без да се оптоваруваат со сите проблеми поврзани со интелектуалната сопственост,

со потребата да се склучуваат договори секогаш кога се купува парче софтвер,

ангажирање на многу адвокати.

Општо гледано, ние само сакаме да направиме софтверот да работи

и да им овозможиме на луѓето

да придонесуваат во подобрувањата и сл.

Па така, на некој начин жртвуваме дел

од правата на интелектуална сопственост

и едноставно му дозволуваме на целиот свет да го користи софтверот.

Пред да се појави Линукс

се појави Ричард Сталман и Движењето за слободен софтвер.

Ричард Сталман може да го гледате како...

големиот философ... да.

А јас сум инжинерот.

Ричард Сталман е основоположник на Движењето за слободен софтвер.

Додека се грижеше да го изгради оперативниот систем GNU

ја креираше правната, философската и технолошката основа

за Движењето за слободен софтвер.

Без овој придонес,

малку е веројатно дека Линукс и отворениот код

ќе се развиеја до нивниот денешен облик.

Ѝ се приклучив на лабораторијата за вештачка интелигенција на МИТ во 1971,

Се приклучив... на една напредна заедница хакери,

луѓе што го сакаат програмирањето,

сакаа да истражуваат и откриваат што сѐ можат да направат со компјутерите.

И тие развија комплетен оперативен систем,

целосно напишан таму.

А јас станав еден од тимот којшто продолжи да го

подобрува оперативниот систем додавајќи нови можности.

Тоа беше мојата работа, и јас ја сакав, ја сакавме сите. Затоа и ја работевме.

Нашиот оперативен систем го нарековме

„Некомпатибилен систем со споделување на времето“

што претставува пример за

веселиот дух

кој дефинира еден хакер.

Хакерите се луѓе кои уживаат во шеговитата интелигентност.

И така, првите проблеми се појавија

кога надворешниот свет започна да нѐ притиска да користиме лозинки.

Ние немавме никакви лозинки на нашиот компјутер.

Причината беше таа што хакерите

кои првобитно го дизајнираа системот сфатија дека лозинките се начин

на кој администраторите би можеле да ги контролираат сите корисници.

А тие не сакаа да изградат алатки знаете, брави и клучеви

со кои администраторите ќе можат да ги контролираат,

па така тоа и не го направија. Тоа го изоставија.

Ја имавме философијата дека секој што седи пред компјутерот

треба да може да прави сѐ што ќе посака.

А некој друг, кој бил тука вчера, не треба да контролира што правите денес...

Кога ставија лозинки на една од машините на МИТ

мене и на група хакери не ни се допадна тоа.

Решив да пробам еден субверзивен вид на хакување.

Сфатив како да ги декодирам лозинките,

и со гледање во базата на кодирани лозинки

знаев што внесуваат корисниците при пријавување на системот.

И така, им испратив пораки на луѓето, велејќи,

„Здраво. Гледам дека сте ја избрале лозинката mumble, или некоја друга.

Зошто не направите како што правам јас?

Само притиснете го тастерот Enter како ваша лозинка,

многу е пократко и полесно за пишување“.

И... се разбира, со оваа порака

имплицитно им кажував дека сигурноста е на ниво на шега.

Како и да е, ги наведував да го користат овој хак.

На крајот, секој петти корисник на тој компјутер ми се приклучи

во користењето само на тастерот Enter како нивна лозинка.

[ Од каде дојдоа идеите што доведоа до она што денес се нарекува Свет на отворениот код?

Како започна тоа? Кој го започна тоа? ]

Сѐ всушност започна со појавувањето на компјутерите, бидејќи во тоа време

софтверот едноставно се даваше меѓу луѓето.

И мислам дека беше во доцните 70-ти или раните 80-ти

кога луѓето започнаа навистина да го затвораат нивниот софтвер,

и да велат, „Не, никогаш нема да може да погледнеш во изворниот код.

Не можеш да го промениш софтверот дури и ако ти е тоа неопходно

за да го поправиш, за твоја лична употреба.“

И... хм, делумно за ова може да го обвините Микрософт.

Тие се едни од вистинските пионери на моделот на сопственички софтвер.

Во средината на 1970, група хакери и компјутерски ентузијасти во

Силиконската Долина го формираа „Клубот на "Направи сам"-компјутери“

Во весникот на клубот од 31 јануари 1976 г,

Бил Гејтс од неодамна формираниот Микрософт,

напиша отворено писмо до заедницата каде што

аргументираше, точка по точка, за релативно новиот концепт на сопственички софтвер.

Дотогаш, праксата на корисниците беше слободно да си го даваат софтверот,

без многу да размислуваат за сопственоста. Познато како

„Отворено писмо до хоби-компјутерџиите“ во него Бил Гејтс пишува:

„За мене денес најкритичната работа на пазарот на хоби-компјутерите

е недостатокот на добри софтверски курсеви, книги и самиот софтвер.

Без добар софтвер и сопственик кој се разбира од програмирање,

користењето на хоби-компјутери е губење време.

Дали ќе биде напишан квалитетен софтвер за хоби-пазарот?“

Гејтс понатаму пишува: „Одзивот добиен од стотиците луѓе

кои велат дека користат BASIC е целосно позитивен.

Сепак, изненадуваат две работи.

1) Повеќето од тие „корисници“ никогаш не купиле BASIC, и

2) Приходот од продажбата на BASIC на хоби-компјутерџиите

прави времето потрошено за Altair BASIC да вреди помалку од 2 долари/час.

Зошто е тоа така?

Поголемиот дел од хоби-компјутерџиите знаат дека најголемиот дел од вас

го крадете вашиот софтвер.

Хардверот мора да се плати, но софтверот е нешто што се споделува.

Кому му е гајле дали на луѓето што работат на него им се плаќа?

Дали е тоа во ред?

Она што не го правите крадејќи софтвер

е да дојдете кај MITS ако имате некаков проблем.

MITS не прави пари продавајќи софтвер.

Со тоа што го правите, попречувате да се напише добар софтвер.

Кој може да си дозволи професионална работа без надомест?

Кој хоби-компјутерџија може да вложи 3 човечки години во програмирање,

наоѓање на сите грешки, документирање на својот производ и бесплатно дистрибуирање?

Факт е дека

никој освен нас нема инвестирано многу пари во хоби-софтверот.

Што да кажеме за луѓето што го препродаваат Altair BASIC?

Не прават ли тие пари од хоби-софтверот?

Да, но тие за кои сме разбрале можат на крај да изгубат.

Тоа се оние што ја креираат лошата репутација на хоби-компјутерџиите

и би требало да бидат исфрлени од сите состаноци на клубот на кои ќе се појават.

Ќе ги ценам писмата од сите што сакаат да платат,

или имаат предлог или коментар.“

Потпишано од Бил Гејтс, Главен партнер, Микро-Софт.

Во доцните '70 и раните '80, Ричард Сталман работеше на

истражување и кодирање на вештачката интелигенција

во лабораторијата за вештачка интелигенција на МИТ.

Ричард имаше бројни негативни искуства

во текот на тој период, така што не му се допадна

целата идеја за комерцијален софтвер.

Ах... некој код на кој сакаше да работи и сакаше да направи поправка беше затворен.

и не можеше да ја убеди компанијата што го поседуваше кодот да му дозволи да го поправи

иако тоа ќе им беше во прилог да го направи.

И тоа ме стави пред морална дилема.

Затоа што за да се купи еден од модерните компјутери во тоа време,

во раните 80-ти, требаше да купите сопственички оперативен систем.

Развивачите на тие системи не ги споделуваа со другите луѓе.

Наместо тоа, се обидуваа да ги контролираат корисниците,

да доминираат над корисниците, да ги ограничуваат.

Revolution OS (Linux Story) subtitles in other languages

Comments

No comments yet. Be the first to leave one.

Keep it about this subtitle — sync, quality, typos.500 characters left