The first 200 lines.
ВАРШАВА, 1939 ГОДИНА
Г-дин Шпилман? - Здраво.
Дојдов да ве запознаам. Сакам како свирите.
Која сте вие? - Се викам Дорота, сестра сум му на Јурек.
Крварите. - Не е ништо.
Дорота, напиши му писмо. Сега не е добро време.
Јурек, каде ја криеше?
Не знам што да земам. - Секогаш носиш премногу.
Колку куфери носиш? - Ќе го спакувам црвениот фустан.
Што мислиш, да ја земам сликата на стрико Шиман?
Земи што сакаш. Зарем не гледаш дека умрев од грижи?
Ќе се врати, ќе биде се во ред. - Земи куфер само за чевли.
Владек дојде. - Фала му на Бога.
Ранет си? - Не, тоа е само гребнатинка.
Се загрижив. - Реков да не се грижи. Ги носиш документите.
Да те убиеше бомба, би знаеле каде да те однесат.
Хенри, не зборувај такви работи. - Не можам ништо да најдам.
Тато, дојде Владек. - Што реков?
Што правите? - Дали некој го виде мојот шешир?
Не бомбардираа. Ја прекинавме програмата.
Варшава не е единствената радио станица. - Пакувај се.
Каде ќе одиме? - Надвор од Варшава. - Надвор? Каде?
Не си чул? - Што? - Не си читал весници?
Каде се весниците? - Ги искористив за пакување.
Владата побегна во Лаблин. - Сите способни мажи
одат преку реката да направат нова линија одбрана.
Така пишуваше. - Никој не остана, само жени.
Што ќе правите додека ја направите новата линија на одбраната?
Ќе шетате наоколу, носејќи ги куферите? - Пакувај се, немаме време.
Не одам никаде. - Добро. Ниту јас.
Не бидете смешни. Мораме да останеме заедно.
Ако треба да умрам, нека биде тоа во мојата куќа.
Господ да чува. - Замолчете, фатив нешто.
Штотуку добивме вест од БиБиСи од Лондон.
Бидејќи не доби одговор на ултиматумот упатен до германската влада,
британската влада и‘ објави војна на Германија.
Тоа е супер.
Во следните часови и Франција ќе објави војна.
Полска веќе не е сама.
Супер.
Мамо, вечерата беше одлична. - Навистина беше.
Кога има што да се прослави, мораш да се покажеш.
За Англија и Франција.
Ви реков. Се‘ ќе биде во ред.
5003.
Тоа е се? - Да. Ни останаа уште само 5.003 злоти.
Тоа е 3.003 повеќе.
Нови ограничувања во чувањето пари.
На Евреите им се дозволува да чуваат најмногу 2.000 злоти во својата куќа.
Што ќе правиме со остатокот?
Да вложиме во банката на блокираната сметка.
Кој би бил толку глупав да вложи пари во германска банка?
Можеме да ги скриеме парите.
Можеме да ги криеме под саксиите. - Не, еве што ќе направиме.
Ќе го примениме проверениот систем. Што правевме во минатата војна?
Направивме дупка во ногарките од масата и ги криевме парите.
Ако ја земат масата? - Како мислиш, ако ја земат масата?
Германците влегуваат во еврејските куќи и земааш што ќе посакаат.
Мебел, накит, што било. - Навистина?
Будало, што ќе им е ваква маса? - Што правиш, бре?
Ова е најдоброто место. Нема да се сетат да погледнат под саксијата.
Не, размислив. - Убава промена.
Ќе ја употребиме психологијата. - Што?
Ќе ги оставиме парите и часовникот на масата и ќе покриеме вака.
Глупав ли си? - Германците се‘ ќе побараат и нема да приметат.
Тоа е нешто најглупаво што сум го видел. Секако дека ќе приметат.
Видете.
Идиоту. - И ти велиш дека сум јас глупав?
Тоа е последното место. - Ќе трае со часови.
Да не брзаме, ќе ги извадиме. - Како ќе ги извадиш? Кажи ми.
Мир, ве молам! - Што се буниш? - Секоја за себе?
Мене никој не ме слуша! - Тишина! - Мир!
Таа е адвокатка. Сака ред. - Слушајте.
Часовникот ќе го ставиме под саксијата, а парите во виолината.
Ќе можам ли да свирам? - Ќе дознаеш.
Јурек, овде е Владек Шпилман. - Како си?
Добро, фала, а ти? - Добро, со оглед на околностите.
Знам зошто се јавуваш. Ние не можеме ништо.
Нема да ја отворат станицата. - Знам, Јурек...
Дури ни заради музиката. Нема радио за Пољаците.
Сигурно ќе најдеш работа. Таков пијанист...
Можеби ќе најдам, можеби нема.
Не се лути, но не те повикав да зборуваме за мојата кариера.
Со недели му досадував на Јурек. Конечно попушти и рече:
„Во ред, ајде со мене.“ Дојдов, а тие ја бомбардираа станицата.
Таквото запознавање е супер. - Навистина? - Беше незаборавно.
Отсекогаш ми се допаѓало како свирите, г-дине Шпилман.
Викај ме Владек. - Никој не го свири Шопен како вие.
Се надевам дека тоа е комплимент. - Секако, сериозна сум.
Кој знае. Пробав да бидам духовит.
Ќе одиме ли до „Парадизо“ на кафе? - Може.
Со што се занимаваш ти? - Завршив конзерваториум.
Ти си музичарка? Кој инструмент свириш?
Виолончело. - Сакам кога жена свири виолончело.
Еве не‘.
ЗАБРАНЕТО ЗА ЕВРЕИ
Срамота. Како се осмелуваат? - Знаете какви се луѓето.
Сакаат да бидат подобри нацисти од Хитлер. - Одам да се жалам.
Подобро немој. Верувај ми. - Ова е понижувачко за некој како вас.
Ќе најдеме некое друго место. - Можеме да се прошетаме низ паркот.
Не можеме. По официјална наредба, Евреите не смеат да влезат во паркот.
Боже, вие се шегувате? - Не, тоа е вистина.
Би предложил да седнеме на клупа, но постои наредба
Евреите да не смеат да седнат на клупа. - Ова е апсурдно.
Ќе ти кажам што можеме: да стоиме и да разговараме.
Мислам дека тоа ни е дозволено, а ти?
Значи, свириш виолончело? Убаво. Кој ти е омилен композитор?
Шопен? Ќе мораш да научиш да ја свириш сонатата за виолончело.
А ти, Владек? Можеби би можел да те следам на клавир.
Г-дине Шпилман, вие сте прекрасен.
Викај ме Владек, те молам.
„Обележувања за Евреите во варшавскиот округ.
Наредувам да сите Евреи во варшавскиот округ
носат видливи ознаки надвор од куќата. Оваа наредба стапува на сила
на 1.12.1939 и се однесува на сите Евреи постари од 12 години.
Ознаката ќе се носи на десната рака
во вид на плава Давидова ѕвезда на бела основа.
Основата мора да биде доволно широка
како ѕвездата би изнесувала осум сантиметри.
Ширината на работ на ѕвездата мора да биде сантиметар.
Евреите кои нема да ја почитуваат наредбата ќе бидат строго казнети.
Управник на варшавскиот округ, доктор Фишер.“
Нема да ја носам. - Ниту јас. Не сакам да бидам обележана.
Дај да видам.
Зарем не пишува дека мораме сами да ги направиме тие ознаки за рака?
Каде да ги набавиме? - Нема. Нема да ги носиме.
Вие! Пријдете!
Зошто не не’ поздравивте?
Простете.
Забрането ви е да одите по плочникот. По коловозот!
Дали го ова? - Што е? Работам.
Што е тоа?
Тука ќе не’ стават. Како мислиш, „ќе не’ стават“?
„По наредба на управникот на варшавскиот округ
доктор Фишер, а во врска со создавањето на еврејска област:
ќе се направи еврејска област во која ќе мора да престојуваат
сите Евреи кои живеат во Варшава, или доаѓаат во неа.
Евреите кои живеат надвор од одредената област, ќе мораат да се преселат
во еврејската област најдоцна до 31 октомври 1940-та година.
Нема да не’ преселат сите.
Тоа е премногу малку. Не’ има 400.000 бо Варшава.
Не, 360.000. Ќе биде лесно. - Што да правам?
Ти си паметен, кажи што да купам.
Што ти е?
Дваесет злоти. Тоа е се’ што ни остана.
Што да купам со дваесет злочи? Смачено ми е да готвам компири.
Тоа е цената, толку ви нудам. Ви советувам да ја прифатите.
Нема да добиете повеќе од другите. - Но тоа е Бекштајн.
Две илјади. Советувам да прифатите.
Што ќе правите кога ќе огладнете? Ќе го јадете клавирот?
Надвор! Лопову, надвор! Попрво ќе го подариме!
Денес не јадевте? Од што боледувате?
Вие сте луди. Ви чинам услуга.
Две илјади, јас го плаќам превозот. Ни превозот не ви го наплаќам.
Денес не јадевте. Луди сте. - Носи го.
Не сакав да дојдам.
Не сакав да го видам сево ова, но не можев да се воздржам.
Како си? - Добро.
Не баш, го уапсија роднината Јурек, велат дека ќе го пуштат.
Ова е срамота. - Нема да потрае, не грижи се.
Тоа и јас го реков.
Ова е премногу апсурдно.
Би требало...
Се гледаме наскоро.
Здраво.
Искрено да ви кажам, мислев дека ќе биде полошо.
Како ќе спиеме?
Ќе спијам во кујната со девојките. Ти, Хенри и тато овде.
Видете. Дојдете да видите.
Бегајте!
Тато!
Продаде некоја?
Само една. „Идиот“ од Достоевски. За три злоти.
Подобро од вчера. - За три бедни злоти. А луѓето заработуваат милиони.
Знам. - Не знаеш, верувај ми.
Ги поткупуваат стражарите, стражарите мижат.
Внесуваат товер храна, цигари. пијалоци, француска козметика...
Сиромавите умираат насекаде околу, а ним не им е гајле.
Извинете, дали го видовте мојот сопруг Исак Шерман?
Висок, згоден човек, со просечна брада?
Се плашам дека не. - Извинете.
Спијте убаво. Ако го видите, пишете ми.
Исак Шерман!
Мора ли христијанска улица да минува низ нашата област?
Што не одат одоколу? - Не грижете се, ќе подигнат мост. Не чувте?
Мост? А Германците се‘ уште тврдат дека се интелигентни.
Знаете јас што мислам? Дека се потполно глупави.
Треба да го нахранам семејството.
Половина ден го минувам овде чекајќи да не’ пуштат.
Што мислат, дека идам ваму за да слушам музика?
Што е? Не ти се чека?
Што е со тебе? Се досадуваш? Тогаш, забавувај се.
Точно. Ајде, играј. - Играј. - Ајде, играј.
Да, многу убаво. Што е со тебе, ти не сакаш да играш со него?
Да ја расчистиме улицата, да направиме подиум за Евреите.
Ти... Ајде, и ти. Вие двајца.
Треба да играте. - Побргу.
Ајде, бргу, свирете.
Бргу, реков бргу! Слушајте што ви велам!
Ќе ве забрзам вас јас. Бргу, реков!
No comments yet. Be the first to leave one.