Discovery Channel: Understanding Sex

Discovery Channel: Understanding Sex

Unduh Subtitle Macedonian

Informasi rilis

Discovery Understanding Sex XviD mp3 LYmdG
Komentar oleh m4808
македонски превод

Tag

XviD
Diterbitkan pada: 2009-02-10
Unduhan: 35
Tuna Rungu: Yes

Pratinjau subtitle Macedonian

200 baris pertama.

НАШЕТО РАЗБИРАЊЕ ЗА СЕКСОТ - Discovery - 1994 -

Кои сме ние, во најголем дел, тоа зависи од нашите гени.

Тоа се картите кои ни се доделени при самото раѓање,

и тоа се картите со кои играме целите наши животи.

Можеш да учиш колку што сакаш, но некои луѓе ќе бидат поинтелегентни.

Вежбај колку што сакаш. Некои луѓе се родени да бидат поголеми.

или поубави,

или потеатрални.

Картите кои ќе ги добиеш, зависи пред се од среќата при делењето.

Кои гени ќе ги добиеш од својата мајка, а кои од својот татко,

и како тие ќе се комбинираат за да те направат посебна единка,

во најгомем дел зависи од среќата.

Во играта на животот, мешањето на гените за да создадат

нова единка, се нарекува секс.

Но животот не мора да биде вака.

Ние би можеле да се репродуцираме како што прават некои плевели,

како братимење на стебла. Зборуваме за семејно дрво!

Или со фрагментација.

По малку грозно, можеби, но функционира за црвите.

Спорите се избраниот метод за печурките.

Милиони можат да израснат при семејното соединување.

Или пак би можеле на начинот како што прави амебата,

едноставно се зголемува, и се дели.

Но, не. Ние мораме да го направиме ова на потешкиот начин.

За човековата репродукција, се потребни двајца, и секс.

Фактот дека се потребни два организми за да создадат еден организам,

е вистински парадокс во биологијата, бидејки би било многу поедноставно,

кога еден организам ќе репродуцира еден организам..., девствено раѓање,

или да имаме женки кои се клонираат самите си произведуваат потомство.

Размислете за долгоопашестиот гуштер.

Тие се партеногенетски животни, што значи тие сите се женки.

Оваа единка ќе положи јајца и сите потомци ќе бидат женки,

и тие ќе бидат генетски идентични со останатите сестри и со мајката.

Сега, ова е способност. Единечен пол.

Кога биолошкиот часовник на д.гуштер се исклучи, таа само положува јајца.

Часовите за сексуално образование на д.гуштер траат околу три минути.

Без комплицирано парење или оплодување со сперма,

само моментално мајчинство.

Животот во основа им припаѓа на женките. Репродукцијата...

изискува снабдување на плодот со, исхрана и ресурси, и,

и значи, ова е функцијата на женката.

И асексуалните видови, видовите кои што немаат полови,

сите секогаш се женки, со, без никакви мажјаци.

Значи функцијата на женката мора да постои за да постои животот.

Како што знаете сите, само за едно нешто и само едно, дали ни требаат мажите!

Зарем не можеш подобро од тоа? Офф!

Начинот на кој јас сакам да размислувам за тоа

е дека женката го претставува полот кој е родоначалник.

Во еволуцијата, првите единки, делбените единки,

претставувале она што ние го нарекуваме женски-тип на единки,

и дека мажјаците еволуирале после таквиот тип на единки.

Но дури и овде помеѓу девиците, има нешто друго што се случува.

Тие ниту имаат потреба, ниту пак имаат опрема за парење,

но тоа по се изгледа не ги спречува да се обидуваат.

Овие единки се однесуваат на начин каде што една единка ја превзема...

улогата како мажјак. Другата единка ја превзема улогата како женка.

И со таквото однесување, тие ќе се стимулираат меѓусебно да положат јајца.

Ако мажјаците не се потребни за репро- дукција, зошто воопшто постојат полови?

Зошто мажјаците еволуирале?

Одговорите на зошто и како мажјаците настанале како секундарен пол

доаѓаат од истражувањата за микроскопски едноклеточни организми,

бактерии.

Можеме на бактеријата да и правиме нешта за кои не помислуваме да ги...

сториме на други организми. Ние можеме да манипулираме со нивното парење.

Можеме дури да направиме да имаат секс со членови од други видови.

Можеме да им предизвикаме секакви ужасни нешта на нив

и потоа да си појдеме дома, да спиеме без да се чувствуваме лошо.

Ние не размислуваме за бактеријата како сексуална, тие не поседуваат...

ниту една од карактеристиките кои, кои што ние ги бараме во привлечен партнер.

Тие всушност се многу сексуални суштества.

Бактеријата која јас ја проучувам, тие не одбиваат парење, вистински. Тие ја

превземаат секоја ДНК молекула. Тие се сврзуваат и ја внесуваат во келијата.

Но тие извршуваат комбинирање само во тие молекули кои што се од

членови на истиот нивни вид.

Како настанал сексот, сеуште е загатка за биолозите.

Можеби започнало кога една келија изела соодветно друга,

јадачот ги превземал гените од изедениот? Комплексниот и чудесен свет

на сексуалните суштества можеби започнал како канибализам.

Па, тоа е една претпоставка. Следната претпоставка е...

дека келиите имаат секс, не за нивна сопствена благодет, но заради пренос

на егоистичните, генетски елементи кои живеат во внатрешноста на келијата.

Ова е паразитската теорија. Кога ќе погледнете на овој начин...

его-центричните гени се во фаза на еволуирање,

и организмите се на чекор од тоа да гените се дуплираат самите.

Третата петпоставка е дека сексот се развил како чевларски дуќан,

при што, грешките кои што се наоѓаат во една келија, можат

да бидат поправени од соодветните делови кои постојат во друга келија.

Ова е претпоставката на која сме концентрирани во нашата работа,

и претпоставката за која мислиме дека има најмногу смисол.

Како и да започнал сексот, може со одредена сигурност да се каже...

дека низ периодот на еволуција, суштествата со два сексуални пола...

биле поуспешни од суштествата со само еден сексуален пол.

Тоа е она зошто сексот преживеал и станал еден од факторите на животот.

Во почетокот, и во текот на стотици милиони години,

светските мориња биле населени со делбени молекули.

Тогаш немало секс и немало голема промена со милениуми,

се додека еден ден некои едноклеточни келии да разменат гени

и да го променат светот, буквално.

Тие едноклеточни келии кои имале секс, еволуирале.

Започнало со првите видови кои ја населиле планетата.

Растенијата се основата. Тие се храната за целиот свет.

Затоа на биологијата гледам како наука за растенијата и нивните паразити.

И се друго е паразит на растенијата, да ги изеде.

Ние ги јадеме. И доколку ние не ги јадеме растенијата, јадеме нешто...

што ги јаде растенијата. На ботаничар како професорот Ворен Вагнер

може да му се прости што е растителен шовинист.

Покрај се, во почетокот доаѓа морското ѓубре.

Започнува со зелената алга.

И, зелената алга ги има сите стадиуми на животниот циклус.

Тогаш тие..., доаѓате до папратите, и папратите го имаат...

наједноставниот животен циклус од сите. Тие се прилично скромни.

Но кога ќе стигнете до морските растенија, и особено...

кај цветните растенија, навистина е многу комплицирано,

и добивате многу, многу различни форми на сексуална репродукција.

Но која е целта? Зошто постои секс кај растенијата?

Сегашното размислување, јас мислам, е дека сексот е неопходен за

еволуирањето на растенијата. На растенијата им се...

потребни две особини. Едната од нив е да се репродуцираат,

да се репродуцираат самите себе, за да окупираат простор.

А другата е да се менуваат. Мораме да се менуваме,

бидејки се менува климата... се менуваат врнежите,

промени заради вулканите, промени заради нови видови организми.

И со цел да се биде во сооднос со сите тие постојани промени,

ќе морате и самите да се менувате.

А единствениот начин да се постигне тоа е преку сексот.

Но растенијата имаат корени. Тие неможат да се движат наоколу,

значи за да се оствари сексот во цветниот кревет,

растенијата морале да пронајдат посредник за да ги разменат своите гени.

Тајната за успешниот секс е привлечноста.

Погледнете луѓе. Како ви се допаѓа ова чудесно растение?

Тоа е Дачманова цевка. Сега дозволете да ви објаснам како функционира ова.

Ова е класичен пример за растение кое има чудни механизми за опрашување.

Ја гледате бојата? Таа чоколадна боја привлекува инсекти.

И инсектот оди таму и вели, „о боже!

Тоа прекрасно нешто таму изгледа како нешто за јадење.

Јас би можела таму да положам јајца и моите ларви да растат таму“.

Па она што тие го прават е да влезат таму внатре.

И во внатрешноста се наоѓаат половите органи.

Сега единствената лоша вест е тоа што тие имаат влакненца овде долу.

Сите тие влакненца се насочени надолу и инсектот не може да излезе.

И полудено лета внатре наоколу, и целиот станува прекриен со полен

и тогаш во одреден момент, а само цветот знае кога е тоа, сите...

влакненца се собираат, и инсектот излетува, целосно покриен со полен.

Величенствениот раскош на градината,

формата и мирисите на цветовите, најразличната обоеност,

постојат за да го промовираат опрашувањето.

Расцветаната природа е чист безсрамен секс, и полови органи.

Ботаничарите зборуваат за машки и женски растенија,

но разликата помеѓу нив се наоѓа основно во големината...

и функцијата на нивните полови келии, нивните гамети.

Ние ги употребуваме зборовите мажјаци и женки, не кога имаме... само секс,

туку кога имаме секс помеѓу две гамети кои се со различна големина.

Женскиот пол е е полот кој произведува големо, многу скапо,

и неподвижно јајце.

Машкиот пол е полот кој произведува релативно евтини,

мали, и многу подвижни сперматозоиди.

Основната функција на мажјакот како што е преставена во сперматозоидот

е подвижноста да го пронајде јајцето.

Основната функција на женката како што е представена во,

со енергија богатото јаце, е исхраната.

Но разликата помеѓу половите не е секогаш целосно поделена,

дури и кај големите животни.

Најчесто луѓето мислат дека мажјаците се на едниот крај од континиумот

а женките се на другиот крај.

Но како факт, ние сите сме започнале како бисексуален организам

а потоа сме се издеферецирале во машки единки и женски единки...

во случајот на цицачите и многу други ’рбетници.

Она што ние го откривме во изминативе петнаесет, дваесет години

е дека одредувањето на полот не е единечен феномен.

Не е единечен феномен е начинот на кој истражувачите велат дека

целата работа е премногу комлицирана.

Започнува доста едноставно.

Сите гени во твоето тело се спакувани во дваесет и три пара хромозоми.

Еден од паровите го контролира полот.

Ако парот е составен од два XX хромозоми, тоа е женско.

Ако еден од хромозомите е X а другиот е Y, тоа е машко.

Тоа е среќата при делењето.

Освен кај некои, како леопардот гекокс, каде изгледа предодредено

да самиот го одреди резултатот по свој избор. Секс хромозомите...

немаат влијание, барем не на почетокот. Овие се леопард гекокс.

Мажјакот е, како што можете да видите, многу поголем од женката.

Тие се невообичаени во тоа што кај овие животни,

полот на единката не е одреден при оплодувањето

или кога јајцето и спермата се сретнуваат. Полот е одреден од...

страна на температурата при која јајцето се инкубира (излежува).

Овој геко беше инкубиран при 19,5 степени по фаренхајт и стана мажјак.

Овој беше држен на 78,8 степени по фаренхајт

и стана женка.

Тие имаат гени за машкост и женскост, сосема исто како кај човекот.

Но температурата при која се инкубира јајцето, одредува

која каскада ќе биде иницирана.

Каскадата. Хормоните. Комлициран синџир влечен од страна на...

температурата кај геко, и од страна на хромозомите кај луѓето.

Секој хромозом повлекува серија на последователни хемиски реакции.

Огромниот број на соединенија во точно одреден момент,

му кажуваат на телото што да прави. Резултатот е машко или женско,

во зависност од тоа кој хромон кога бил активен.

Тоа е точно за зумбул и хомосапиенс, за моржот и wrasse (морски риби),

кои што се риби, риби со променлива температура.

Во овој резервоар имаме два вида на последователно двополови риби.

Discovery Channel: Understanding Sex subtitles in other languages

Komentar

No comments yet. Be the first to leave one.

Keep it about this subtitle — sync, quality, typos.500 characters left