As primeras 192 linias.
Океј, момци. Еве сме.
Ова се вашите ракавици.
Ова е топката,а ова се и правилата...
Ти фрлаш, а ти фаќаш.
Обратно и повторете.
Каде е твојата капа?
Oх, јас не сум личност која носи капа.
O,ајде сега. Ќе изгледате симпатично.
Тоа е мојата животна амбиција.
Обиди се и биди кул.
Еве.
O, да, ние сме толку многу кул.
Ајде, Грејси. Ќе одиме во паркот.
Малку сум загрижена во врска
со целата оваа работа со змејот за летање.
Зошто, мила? Ќе се забавуваме.
Што ако ја пуштам врвката и го изгубам змејот за летање?
Не поднесувам разделби.
O, ајде сега. Нема да го изгубиш.
Замисли го змејот за летање како некое навистина слатко момче.
Му даваш малку простор и му дозволуваш да лета слободно.
Потоа на крајот од денот,
ќе ја повлечеш врвката и ќе го вратиш назад.
И ќе го закачиш на кука се
додека не бидеш подготвена за повторно да го користиш.
И јас те учам тебе?
Океј, последно прашање... Кој е главен град на Перу?
Лима.
Многу добро!
Ох Господе, ако неа би можело да ја собере во твојата торба со книги,
можеби и ќе го поминеш тестот.
Не морам да бидам генијалец.
Ќе бидам продуцент, како тато.
Кој го кажа тоа?
Добро утро на сите.
Носам најневеројатни вести.
Избрале дилетант
за во биосферата?
Бев кај Елизабет Арден, каде
правев нега на лице, маникир, и терапија на телото со билна обвивка...
Знаете кај Ерл Шајб,
можете да ги направите овие работи за 89.95 долари,
вклучувајќи и каросерија.
Како и да е, што мислиш кој се наоѓаше под следниот турбан?
Аладин ? Јасер Арафат?
Не, тоа не е турбан што тој го носи, тоа е долга наметка со качулка.
Што и да е, би му користело да направи нега на лице,
или уште подобро хемиски пилинг.
Ч.К.: Дадилке Фајн...
Што..? Му го даваме Појасот Газа.
Ќе му биде ли тешко да се избричи
и да стави малку Пако Рабан?
Дали името Морин Вентворт те потсетува на некого?
Не,на никого не ме потсетува.
Таа инвестираше 50,000 долари во нашата последна продукција.
Ах, да. Како е драгата госпоѓа?
50,000 долари за лоша претстава?
О, која што ми беше навистина прекрасна.
Се уште ги потпевнувам мелодиите.
50,000 долари се вид на ситни пари
кои таа ги наоѓа во нејзиниот кауч.
Тоа се оние Вентвортови кои пристигнале тука со бродот Мајски цвет.
Како знаеле што да спакуваат?
Мислам, одиш во нов свет...
Дали е топло, дали е ладно, дали е врнежливо?
Немало никакви брошури.
Тие биле аџии, госпоѓице Фајн.
Сите тие носеле иста облека.
И тоа било грешка.
Многу малку луѓе можат да носат голема капа, голема јака (крагња)
и голема тока.
Како и да е, Морин и нејзината ќерка, Синтија
се многу активни во колиционото општество,
воедно ја спомнав Меги и
тие ја поканија неа да биде јуниорска дебитантка.
Максвел: Ч.К., тоа е прекрасно!
Каква убава можност за Меги.
Меги? O, да, се разбира.
И не би ни наштетило да обезбедиме старо-нови пари.
Извинете, но, дали некој се грижи околу тоа како јас се чувствувам во врска со сето ова?
Знам дека јас не се грижам.
O, ќе ти се допадне!
Јас бев дебитантка.
Тоа е единствениот начин за да ги запознаеш вистинските луѓе,
да ги воспоставиш правилните врски,
да се омажиш за правилниот маж.
Но, ти никогаш не се омажи.
Ова ти беше добро.
Не сакам да бидам дебитантка.
Но, душо тоа може ќе ти помогне да излезеш од твојата заштитна школка.
Но,ми се допаѓа мојата заштитна школка.
Ако се доближиш многу блиску до Меги,
можеш да го слушнеш океанот.
Знаеш, се согласувам со госпоѓица Бебкок.
Знам. Беше одвратен шок и за мене исто така.
Но, ангелу, мислам дека ова би било прекрасна можност за тебе.
Не ми е гајле што мислите сите. Не сакам да го направам тоа!
Деца.
Требаше да останам во малопродажба.
Јас ќе одам.
Која мисли Ч.К. дека е таа за да
се меша во мојот социјален живот.
Кој социјален живот?
Само што бев во кино со Денис.
Душо, таа е чистачката.
Имаш 14 години.
Оваа куќа треба да биде полна со досадни и непријатни тинејџери кои
си разменуваат џемпери и се тепаат со перници едни со други.
Ги мразам таквите девојки.
Сите тие одат во моето училиште.
Премногу се вообразени, арогантни, супериорни и дигнати.
Популарни ? Да.
O, душо и ти можеш да бидеш исто толку популарна.
Многу си прекрасна и паметна, а
исто така имаш и двојно поголема ширина на стапалата.
Светот е твоја школка.
Слабите стапала не можат да те внесат во оваа група.
Не знаеш какви карактери се луѓето во тоа друштво.
Oх, мислиш дека тие се нешто многу поинакви
од козметолошкиот клуб во моето средно училиште во Флашинг?
Вистина, ние имавме поубави нокти, но, сите друштва се слични.
Го имаш лидерот на друштвото...
Таа е најубавата,највообразената и дигната личност
и секој сака да биде нејзин пријател.
Тоа е Синди.
Заборави ја неа. Не ти треба.
Пронајди ја најмалку вреднувата личност во самото друштво и тогаш направи го твојот потег.
Оваа личност никој никогаш не ја слуша,
па таа ќе биде благодарна што некој воопшто ја слуша и ќе биде отворена за инфилтрација.
Како да се инфилтрирам?
Избери од трите универзални теми за разговор...
момчиња, облека и Боби Шерман.
Кој Боби?
Океј, Марки Марк (Марк Волберг),
но,тој нема ни половина од талентот на Боби.
Oва исто така помага и за обединување против заеднички непријател.
Добар избор би бил твојот наставник по физичко.
Ти направи ова да звучи како војна.
Полошо е.Војната е едноставно пекол. Ова е средно училиште.
Ова е Боби Шерман.
Што е тоа?
Тоа е неговата коса.
Нели е сладок?
Тој не е мојот тип на мажи кои ми се допаѓаат.
Не знам кој повеќе ми се допаѓа, Барни... или Тед Копел.
Да, но, Боби може да пее.
Треба да ги слушнеш неговите плочи.
Што е плоча?
Oи... само закопај ме.
Џемперот што го носеше денеска на училиште беше прекрасен.
Сигурно. Не е ни чудо што Џејсон Метјуз се има заљубено во тебе.
Нели мислиш дека изгледа исто како Марки Марк (Марк Волберг)?
Три универзални теми за разговор и улижување...
Гренд слем.
Дали е ова можно? Нашата Меги има пријателка?
Живееш доволно долго за да видиш се.
Каде е Максвел?
Да, се чувствував малку лошо,
но,сега ми е многу подобро.
Тој сака овие договори да бидат во Лондон до утре наутро.
Еве, јавни ја метлава.
И со временската разлика, ќе стигнеш на време.
Френ...на телефон сум со Синди Вентворт.
И таа би сакала да знае што да донесе утре.
И реков да донесе салата од компир, но не германскиот вид на оваа салата.
Најлс,зошто госпоѓица Фајн ги користи зборовите
„Венворт" и „салата од компир" во една иста реченица?
Госпоѓица Маргарет и госпоѓица Фајн се домаќинки на
дебитантскиот попладневен настан кој ќе се одржи тука помеѓу мајки и ќерки.
Вие организирате и сте домаќини на социјален попладневен настан ?
Да.Мислев да направиме забава каде секој од гостите ќе донесе зготвено јадење од дома.
Тоа секогаш така се организира на големо.
Што?
Во меѓувреме, со сите нивни пари,
оди најди некој па да ти го донесе главното јадење од оброкот.
Бараш ли од Морин Вентворт да донесе нејзина храна?
Па, што е праведно е праведно.
Мислам, ние прифативме да платиме за
мини шалтер за секој да си направи свој сладолед послужен со прелив,
козметичка демонстрација
и циганска гатачка.
Ајде деца
да ги завиткаме подароците и да ги ставиме во торбата за подароци.
Госпоѓице Фајн, еден момент Ве молам.
Дали ова значи дека не си заминуваш?
Се извинувам што морам да те разочарам.
Ќе го преживеам тоа.
Во ред деца, почнете без мене.
И Меги...
погрижи се да го одбереш најдобриот подарок
и да го завиткаш во алуминиумска фолија.
На тој начин можеш секогаш да го зграпчиш за себе си.
No comments yet. Be the first to leave one.